Категории

СРЕЌЕН ДНЕВЕН ХОРОСКОП ЗА 22 СЕПТЕМВРИ 2020 ГОДИНА

Денес Водолиите лесно ќе пронаоѓаат решение за секој проблем, Близнаците ќе бидат заљубени а Лавовите ќе запознаат личност која ќе ги заинтригира..

ОВЕН
Односот со колегите е незадоволувачки затоа што имате чувство дека не ве разбираат нити поддржуваат. За емотивна стабилност е потребен поголем контакт со партнерот така да инсистирајте на интензивно дружење. Коските ви се прилично чувствителни.

БИК
Непланиран трошок ќе го расипе вашето расположение. За среќа вие сте тип на личност која секогаш има заштеда настрана. Во тек е солиден деловен ден. Не успевате да го решите проблемот со партнерот па се дистанцирате. Здравјето е солидно.

БЛИЗНАЦИ
Се обидувате да ги решите насобраните проблеми, но без успех. За среќа љубовната област е одлично прикажана па партнерот ви дава чувство на смисла во животот. Внимавајте на исхраната, елиминаторниот систем е чувствителен.

РАК
Доброто расположение и работниот елан се на високо ниво. Во љубовната област е се „мртво море“ и чувствувате песимизам кога е во прашање промената на емоционалниот статус. Сте го промениле начинот на исхрана и тоа ви донесува олеснување и се чувствувате подобро.

ЛАВ
Инвентивни сте и планирате нов пристап кон старите деловни проблеми. Денес е поволен ден за ново познанство со личност која ќе ве заинтригира. Коските се чувствителни, особено долниот дел од грбот, можни се минливи болки.

ДЕВИЦА
Незадоволни сте од финансиите а тоа влијае негативно врз вашата мотивација. Размислувате кој е најбезболниот начин на прекинување на врската. Коските ви се прилично чувствителни. Треба да ги зајакнете со правилна исхрана и некои суплементи.

ВАГА
Упорно се обидувате да им предложите нов пристап кон обврските на вашите колеги, но тие упорно се држат до стариот начин. Се обидувате целото слободно време да го поминувате со партнерот. Ви претстојат проблеми со забите, закажете на заболекар што поскоро.

ШКОРПИЈА
На деловно поле владее нервоза поради лошите резултати од проектите. Емоционално сте незадоволни. Потребна ви е поддршка и разбирање од партнерот, но тој не го сфаќа тоа. Можни се случајни повреди при рекреација.

СТРЕЛЕЦ
Работната недела е полна со осцилации. Некои работи кои сте мислеле да ги извршите порано, не успеваат да бидат завршени во одреден период. Не сте расположени за комуникација и средба со партнерката. Циркулацијата не ви е најдобра.

ЈАРЕЦ
Плановите и понатаму не се одвиваат како што сте замислувале. Кога се емоциите во прашање, размислувате за нов познаник и како повторно да го видите. На здравствено поле имате хроничен проблем со грбот кој ви прави проблем подолго време.

ВОДОЛИЈА
Новите проблеми бараат нови решенија и вие ги пронаоѓате лесно. Имате потреба да се дистанцирате од партнерот но тој не го прифаќа тоа на најдобар начин. Нервите ви се чувствителни па ви е неопходен одмор при крајот од денот.

РИБИ
Зборот проблем не постои во вашиот речник. Максимално сте посветени на деловните планови и успешно ги реализирате. Партнерот има чувство дека претерувате и ја ограничувате неговата елементарна слобода. Здравјето е солидно.