Категории

СРЕЌЕН ДНЕВЕН ХОРОСКОП ЗА 28 ДЕКЕМВРИ 2020 ГОДИНА

ОВЕН
Тежнеете кон слобода, меѓутоа, подобро е да се воздржите заота што не е поволен период за побуна. Дисциплинирано и на време ги извршувате сите работни задачи, единствено на тој начин ќе ги избегнете напнатите аспекти кои можат да ја искомплицираат вашата финансиска ситуација.

БИК
Ви се отвораат убави деловни можности. Ви претстојат преговори за можна соработка со странство како и шанса за далечно патувањена кое ќе се усовршите деловно. Не дозволувајте поради моменталната мрзеливост да ви се испушти ваква шанса.

БЛИЗНАЦИ
Малку одмор ќе ви значи многу. Краткотрајно полнење со позитивна енергиај потпомогнато со вниманието на саканата личност која денес несебично ве опсипува. Уживајте во драгоцената пауза, ќе ви биде потребна многу кондиција за обврските кои ви претстојат.

РАК
Мал прилив на пари не е доволен да ги покриете сите трошоци. Се потпирате на партнерот наместо да ги засукате ракавите и да излезете и да обезбедите со сопствена сила. Пружете им шанса на пријателите, еден од нив може да ви даде одлично решение кое ви самите не го гледате.

ЛАВ
Сите активности се водат во оквирот на проектот во кој сте одамна вклучени. Од вас се очекуваат потези со кои би го докажале своето место во тимот. Бидете внимателни, полето на делување е ограничено и вашите можности можат да бидат ставени во прашање.

ДЕВИЦА
Прифатете ги работите кои вашите соработници треба да ги завршат. Од некоја причина сте умислиле дека смао ваша е должноста да се жртвувате. Моменталната болежливост насочете ја на љубовниот живот, затоа што саканата личност можеби моментално е неутешно осамена.

ВАГА
Денот е обележан со жестоки рапсравии во кои ќе ве вовлечат вашите соработници кои сте ги сметале за пријатели. После утринскиот пад на расположението и минливата меланхолија, попладнето ќе помине во добро расположение и преку потребната релаксација.

ШКОРПИЈА
Немате разбирање за саканата личност па можни се несогласување во кои во афект ќе повлечете потези поради кои ќе се каете подоцна. Се обидувате на безболен начин да ја совладате минливата меланхолија затоа што таа доаѓа од досада.

СТРЕЛЕЦ
Соработниците ви зборуваат што треба да работите. Иако не сте барале туѓо мислење, полека но сигурно почнувате да влечете потези кои не се ваши. Не ви личи да мислите со туѓа глава па сега е последен миг да го промените тие односи.

ЈАРЕЦ
Соочени сте со понуда која колку што ви се допаѓа толку и се плашите. Очекувајте интензивна поддршка од членовите на семејството иако сте свесни дека тоа нема многу да ви помогне. Бидете она што сте, опуштете се и со својот шарм изборете се за позицијата.

ВОДОЛИЈА
Во вас сериозно расте тензијата затоа што се соочувате со големи предизвици кои морате да ги решите. одлично функционирате под притисок, но оној час кога нештата ќе ги доведете кон крајот, ви следи пад на енергијата што може да остави траги и на здравјето.

РИБИ
Ве очекуваат задачи кои од вас ќе побараат да излезете од воспоставената рутина. Иако сте расположени, специјалните побарувања се напорни затоа што од вас се очекува да дадете се од себе па и повеќе од тоа. Крајот на денот донесува олеснување затоа што сте успешни.

Прегледи:
1261
Објавено на:
27.12.2020