Категории

СРЕЌЕН ДНЕВЕН ХОРОСКОП ЗА 28 ОКТОМВРИ 2020 ГОДИНА

ОВЕН
Како за личност која е доста брзо се лути, денес ќе се чувствувате прилично опуштени цело време а тоа е под влијанието на Месечината која влегува во вашиот социјален сектор. Ќе давате значење на нештата кои се оптимистични и среќни. Ќе бидете пријателски настроени.

БИК
Денес ќе го поминете денот во пријатна атмосфера со семејството, ќе се опуштите и ќе уживате. Планот за да направите напредок во вашиот бизнис полека се остварува, само продолжете така. Можно е да ве загрижува некој здравствен проблем.

БЛИЗНАЦИ
Почнуваат да летаат искри на сите страни со некоја личност која е во ваша близина но има репутација на „срцекршач“. Вие сте подготвени за сериозна врска и сакате да основате дом. Слушајте го вашето срце. Некој ваш поранешен соработник се кае што ве испуштил како партнер сега кога сте успешни во сите ваши проекти.

РАК
Сонцето ја активира вашата позитивна страна, ќе блескате и ќе освојувате наоколу со вашите зборови. Нема нити да забележите кога сте направиле некој да се заљуби во вас. Доколку сте имале некој сон околу вашата кариера, тој полека се остварува со помош на некоја блиска личност. Некој ќе ви упати пријатни комплименти.

ЛАВ
Се чувствувате несигурни во врска со вашиот партнер, но вистината е далеку поведра од сите ваши лоши сценарија кои ги замислувате. Ако сте сингл, нова романса е на повидок а тоа ќе ви донесе многу задоволство во вашето секојдневие.

ДЕВИЦА
Денес вашиот партнер ќе ви удоволува и ќе сака да види насмевка на вашето лице, сите ваши желби се негова заповед. Ако сте сингл, некој во вашата околина кој постојано ве засмева со своите шеги веќе долго време посакува нешто повеќе со вас. Време е да бидете пофлексибилни на работното место со вашите соработници.

ВАГА
Вашата упорност и квалитетот на вашите идеи ќе ве одведат на место за кое досега сте можеле само да сонувате. Нема да можете да поверувате дека толку прекрасни нешта се случуваат во вашиот живот. Во домот е весело и живо, саканиот ужива во вашата наклонетост.

ШКОРПИЈА
Денес ќе бидете водени од амбицијата, постојано ќе размислувате како да оставите печат и да бидете забележани. Сакате да се истакнете и да создадете нешто ново и необично. Ако сте сингл, некој ваш пријател веќе подолго време гаи чувства за вас. Немојте да брзате во донесувањето на одлуки.

СТРЕЛЕЦ
Ќе успеете да направите брза заработка со помош на некоја креативна идеа на некој ваш близок. Денес ќе можете да ги читате мислите на вашиот партнер. Ако сте сингл, личност чие име почнува да буквата Ј гаи романтични чувства за вас.

ЈАРЕЦ
Плановите кои претходно биле препречени и задржани сега конечно ќе течат брзо. Ви пристигнува шанса да напредувате на работното место. Премногу сте зафатени што не одвојувате време да размислувате за љубовниот живот. Среќата е на ваша страна, само треба да погледнете околу себе малку подобро.

ВОДОЛИЈА
Иако денес не се гледате себеси како претерано амбициозна личност, можеби треба да побарате инспирација кај некој ваш колега. Доколку ве мачи некое љубовно прашање, одговорот е поочигледен отколку што мислите. Обидете се да ги разгледате нештата од повеќе агли.

РИБИ
Денес ќе бидете во потрага по вистината која некако ќе успева да ви се сокрива. Немојте да се откажувате веднаш. Вистинската љубов ќе ве направи посилни и ќе ви помогне да ги соберете мислите, препуштете и се и не плашете се дека ќе бидете повредени. Среќата е на ваша страна. Ви пристигнува добра вест поврзана со минатото.

Прегледи:
1154
Објавено на:
28.10.2020