Категории

СРЕЌЕН ДНЕВЕН ХОРОСКОП ЗА 29 ДЕКЕМВРИ 2020 ГОДИНА

ОВЕН
Претерано сте нетрпеливи, не ги контролирате вашите емоции. Неопходно е да покажете повеќе благодарност за оние луѓе кои во минатото ве поддржувале. Вашата потреба за слобода може да развие уште поголема напнатост и нервоза во кругот на семејството.

БИК
Ако сте во зачеток на нов проект, овој ден може да ви донесе можност за една фаза да ја приведете кон крај. И покрај тоа што сте очекувале многу и со своите големи амбиции сте ја попречиле реализациајта, сега прифатете компромис и продолжете понатаму.

БЛИЗНАЦИ
Не сте сигурни во која насока да продолжите понатаму па таа дилема може да ви предизвика големи главоболки. немате многу време за колебање, морате да делувате брзо. Не запаѓајте во паника туку размислувајте креативно и послушајте ја својата интуиција.

РАК
Ви се отвара шанса да започнете нешто ново кое повеќекратко ќе ви се исплати. Бидете брзо затоа што цела работа би можела да ви се испушти, особено ако се вплеткате во уште некоја. Не мешајте го интересот и пријателството за да не останете разочарани.

ЛАВ
На прагот сте на промените со кои една фаза од вашиот живот се завршува. Не очекувајте брзи решенија затоа што трансформацијата ќе потрае. Освен тоа, пред вас е контакт со стара личност која во вашиот живот донесува добри прилики и важни животни лекции.

ДЕВИЦА
Неконтролирано можете да пламнете затоа што е извесна сериозна расправа со непознати лица на јавно место. Исто така, можни се контакти со луѓе од другата страна на законот. За да избегнете евентуални непријатности, денот поминете го во друштво на саканата личност.

ВАГА
Во центарот на вашето внимание е љубовниот живот. Саканата личност не успева да го следи вашето хаотично темпо во кое сте западнале во последно време. Поради недостаток на комуникација, можни се недоразбирања кои ако не ги разрешите навреме ќе прераснат во сериозен конфликт.

ШКОРПИЈА
Не се чувствувате најдобро а имате работа преку секоја мерка. Не сте способни да одговорите на сите обврски кои во текот на неделата можат да предизвикаат потполен пад на енергијата и колапс. Прераспоредете ги своите капацитети и одложете се што може да почека поволен миг.

СТРЕЛЕЦ
Обидете се да избегнете контакти со личности кои ве исцрпуваат. Сепак, деловноста не признава такво однесување па ќе бидете приморани да истрпите некои луѓе. Ќе ве изненади што сте можеле да припуштите ако не сте ги уважеле и сослушале.

ЈАРЕЦ
Чувствувате дека некој ве загрозува. Победата е можна со голема борба доколку бидете доволно истрајни. Многумина овој период на работа ќе почувствуваат зголемена тензија а сето тоа како резултат на некои промени кои ќе се одвиваат внатре во фирмата во која сте ангажирани.

ВОДОЛИЈА
Ве мачат стравови. Животот го организирате на начин кој ви е јасен само на вам а тоа ги изложува на критика вашите блиски. Не сте расположени за убедување и долги исцрпувачки разговори а без тоа не постои друг начин себеси да се оправдате. Бидете толерантни.

РИБИ
Што и да започнете ќе заврши во хаос. Пред вас е стресен ден па најпаметно е да ги избегнете сите ситуации во кои ќе го имате главниот збор. Ако во извршувањето на вашата работа користите автомобил, не одете никаде пред да го преконтролирате.

Прегледи:
1441
Објавено на:
28.12.2020