Категории

СРЕЌЕН ДНЕВЕН ХОРОСКОП ЗА 9 СЕПТЕМВРИ 2020 ГОДИНА

Денес Стрелците ќе размислуваат за започнување на сопствен бизнис, Јарците ќе бидат особено емотивни а Биковите ќе бидат подготвени да се соочат со сите предизвици…

ОВЕН
Овните кои се баби и дедовци, денес ќе уживаат во друштво на своите внуци. Останатите припадници на знакот денот ќе го исполнат со бројни контакти со најмладите. Минлива главоболка.

БИК
Меркур е денес силен и ќе биде особено влијателен врз деловната комуникација. Ќе бидете комуникативни да се соочите со сите интелектуални предизвици. Сега сте во полна форба. Здравјето ви е одлично.

БЛИЗНАЦИ
Се чувствувате несигурно. Времето го поминувате пред огледало. Желни сте за промена, па мислите дека напревена во физичкиот изглед ќе ве задоволи. Ќе бидете напнати.

РАК
Ако сте заљубени, молчите за тоа. Имате чувство дека најдобро би било причината за вашата среќа да ја сочувате само за себе. Овој пат сте во право. Ќе имате несоница.

ЛАВ
Најдобро би било да оставите се да оди по свој тек и ништо да не земате премногу за срце. Ситуацијата не бара да се активирате и вие го знаете тоа. Стомакот ви е чувствителен на промени.

ДЕВИЦА
Повторно сте во својот деловен елемент и веќе се трудите да доведите се во ред. Презафатени сте но денес тоа ви е доста интересно. Внимавајте на изненадни повреди.

ВАГА
Вие сте во некој свој филм и се исклучувате од надворешните случувања. Околината е малку изненадена од тоа но вие не чувствувате потреба да ги објаснувате причините за тоа што ви се случува. Имате доволно елан.

ШКОРПИЈА
Би можеле да имате некои тешкотии со вашите домашни. Од една страна сакате да му се посветите на семејството, а од друга ќе ви биде преку глава од се. Здравјето ви е добро.

СТРЕЛЕЦ
Почнете да размислувате за започнување на сопствен бизнис. Потрудете се да најдете партнер, затоа што во тој случај ќе избегнете некои проблеми во реализацијата. Зајакнете ја вашата мотивација.

ЈАРЕЦ
Премногу сте подложни на емоции за да можете да ги сфатите луѓе сериозно. Склони сте кон претерување, и со тоа да се лутите на луѓе кои тоа не го заслужуваат. Здравјето ви е добро.

ВОДОЛИЈА
Вашата креативна страна е нагласена па ќе пронајдете неколку добри решение за вашето напредување. Можно е да чувствувате преголем умор.

РИБИ
Загрижени сте за финансиската состојба и денес настојувајте да смислите план за трошоците или нешто што би ви овозможило некако да се провлечите низ кризниот период. Имате проблем со хормоните.

Прегледи:
820
Објавено на:
09.09.2020