Категории

СРЕЌЕН НЕДЕЛЕН ХОРОСКОП ОД 21 ДО 27 ДЕКЕМВРИ 2020 ГОДИНА

ОВЕН
Постојат важни цели кои можете да ги остварите во различни фази и на некој полесен начин. Се грижите да осмислите добра деловна стратегија врз основа на која успешно ќе реализирате речиси се што сте замислиле. Продолжете да се однесувате доволно промислено во проценка на вистинските вредности. Ве очекува позитивен пресврт во љубовниот живот, партнерот ќе ве изненади на некој посебен и убав начин.

БИК
Делувате како личност која нема време за некои површни средби или злучувања кои не се вклопуваат во вашата сфера на интереси. Подобро е да се однесувате што поумерено затоа што со своето енергично однесување кај некои соработници поттикнувате различни реакции и негодување. Се грижите за вашето семејство и на саканата личност сакате да и приуштите повеќе радост во заедничкиот живот. Среќата ќе ја пронајдете во топлиот прием и разбирање.

БЛИЗНАЦИ
Обрнете внимание на новите деловни можности со цел да го проширите сознанието и да ја подобрите својата позиција. Ако препуштите нештата да се случуваат сами од себе по свој тек, некој друг одненадеж ќе ве надитри. Светот околу сбее го посматрате со поинакви очи или со ведри тонови, се чувствувате задоволно и среќно покрај саканата личност.

РАК
Во согласност со приоритетите кои сте ги поставиле имате своја визија и не сакате да прифатите компромисни решенија кои ви ги нудат одредени соработници. Немојте да дозволите да ве отежнува вашата деловна или друштвена позиција. Искуството ве опоменува да направите емотивна дистанца во однос на една личност и на некои сомнителни ситуации.

ЛАВ
Делувате доста внимателно и не сакате премногу да ризикувате во деловни финансиските преговори. Сепак, ќе морате да се соочите со некои предизвици кои не ви се по волј аили вкус. Побарајте совет на време од една постара личност. На крајот се ќе се реши на добар начин или во ваша корист. Посакувате повеќе разбирање и нежност во љубовните односи. Партнерот понекогаш има некои необични идеи така да со своето однесување во вас поттикнува чувство на емотивна несигурност.

ДЕВИЦА
Благодарение на добрите идеи и стратегии кои ги спроведувате, делувате доста сериозно на своите соработници. Се наоѓате во одлична прилика да ги остварите долгорочните деловни интереси. Умеете да се натпреварувате во вистински миг и често го имате главниот збор во преговорите. Важно е да поттикнувате двонасочни контакти. Случувањата кои ве следат во љубовниот живот ви делуваат охрабрувачки. Чувствувате емоционален заност и задоволство во присуство на саканата личност.

ВАГА
Во договор со соработниците сега на успешен начин можете да се ослбодите од низа важни прашања. Продолжете да поттикнувате заеднички договори и здружување со разни личности. Потрудете се некој сериозно да ги сфати вашите идеи околу финансиските побарувања кои ги имате. ВО односот со љубовниот партнер поминувате низ променлива фаза но не треба да се предадете. Важно е да делувате позитивно на светот околу себ и постојано да ја поттикнувате саканата личност на заеднички промени.

ШКОРПИЈА
Сте прифатиле премногу обврски кои полека почнуваат да ве замараат и сега тежнеете кон инстант решенија со цел да можете повеќе да се посветите на некои сериозни теми. Ако се грижите да го сочувате добриот углед или влијание кое го имате, здружете ги интересите со доверливи соработници. Искуството ве опоменува да направите емотивна дистанца во однос на некои сомнителни личности или ситуации. Потпрете се на својата иницијатива, доброто чувство нема да ве изневери.

СТРЕЛЕЦ
На многу ефикасен начин умеете да спроведете различни правила на успешно делување кои оставаат сериозен и позитивен впечаток на вашата околина. Потрудете се да ја потисните својата професионална суета кога јавно се полемизира за правилните вредноси на нечии заслуги. Поминувате низ различни фази на емотивно расположение. Во моменти чувствувате голем емотивен занос или инспирација но ви се чини дека ви недостигаат добри прилики во потполност да ги изразите своите намери.

ЈАРЕЦ
Делувате енергично во средба со соработниците и поставувате нови желби во очекувања се да тече според вашите замисли. Сепак, претераното истакнување на различни побарувања побудува различни коментари помеѓу соработниците. Потребно е да имате „широки видици“ во секој поглед. Љубовните несогласувања прифатете ги како минлив период затоа што се се сведува на нов импулс кој ве води кон емотивно зближување со партнерот.

ВОДОЛИЈА
Потребно е да осмислите добар план и да останете доследни во секоја фаза на спроведување особено кога се наоѓате пред соработниците кои ве оспоруваат. После долго убедување ситуацијата ќе се промени во ваша корист но ќе морате да останете упорни и доследни. Преплавени сте со различни мисли и емоции така да внимателно одмерувајте ја добрата прилика во која можете да ги изразите своите разноврсни желби. Партнерот искрено ве поддржува и поттикнува на активна улога.

РИБИ
Делувате позитивно и ангажирани сте на различни страни. Умеете да пренесете реален импулс и креативна енергија на својата околина што ви го олеснува остварувањето на многу планови кои ги имате. Нема потреба да се впуштате во некои парични ризици или да се задолжувате. Повремено ја преценувате својата улога или можност во однос со саканата личност. Внимателно читајте ги пораките кои ги добивате од блиските личности. Подобро е да покажете поголема скромност во однесувањето.

Прегледи:
2046
Објавено на:
20.12.2020