Категории

СРЕЌЕН ВИКЕНД ХОРОСКОП ЗА 12 и 13 ДЕКЕМВРИ 2020 ГОДИНА

ОВЕН
Насочени сте кон една особа и сте убедени во неа дека се што таа зборува е точно, посакувате нешто цврсто и сте спремни да сторите се за да го остварите. Нечии зборови ве натажуваат и ве депримираат, можеби тоа е поради тоа што таа личност не е вистинската за вас и треба да ставите крај на таквиот однос. Наскоро ќе запознаете личност која ќе биде воодушевена од вас.

БИК
Емоционално сте напнати затоа што моменталните аспекти не се одвиваат онака како што посакувате и тоа додатно ви отежнува да го сочувате својот мир. Саканата личност сака да ви даде до знаење дека некои нешта во врската се погрешни и треба да се разговара во врска со тоа. Атмосферата околу вас е непријатна но сето тоа ќе измине за брзо време.

БЛИЗНАЦИ
Чувствувате дека сте под постојана контрола а тоа се коси со вашиот темперамент. На саканата личност и е потребна поддршка, доколку сте сингл подгответе се за бурни љубовни авантури. Ве очекува разговор на сериозна тема од која нема да можете да побегнете.

РАК
Од вас се очекува да имате разбирање во врска со некоја работа но вие упорно одите со главата во ѕид, треба да знаете дека за некои работи е потребно време. Размислувате за конкретните чекори кои треба да ги превземете, саканата личност чувствува дека недоволно ја разбирате. Не донесувајте одлуки под притисок ако не сте сигурни дека тоа е она кое го сакате.

ЛАВ
Ве очекува поволен договор и успешна соработка која ќе доведе до стабилизирање на вашиот бизнис и финансии. Ако донесувате важна одлука, денес е одличен ден за тоа. Бидете упорни и истрајни и немојте да се откажувате од новите проекти затоа што ќе ви се појави добра прилика која нема да се повтори.

ДЕВИЦА
Преполни сте со оптимизам и елан и така помалку ја губите реалната слика за можностите кои се пред вас. Големите планови и амбиции можат да бидат запрени неочекувано со некоја одлука која ќе ја исклучи вашата идеа уште од самиот старт. Потребно е да постапувате пологички.

ВАГА
Уморни сте од темпото кое ве притиска веќе некое време. Се чувствувате обесхрабрено поради сите обврски кои ви надоаѓаат од сите страни и се натрупуваат. Немате елан за да ги завршите навреме. Немојте да ги обвинувате другите затоа што се зависи од вас. Сами ја превземавте одговорноста па сега е време да издржите.

ШКОРПИЈА
Финансиската ситуација се стабилизира, сега е вистинско време па доброто расположение споделете го со вашата сакана личност. Ви пристигнува вест која може накратко да ја прекине хармонијата. Денес не размислувајте за работата, одмарајте и бидете умерени во храната и пијалаците.

СТРЕЛЕЦ
Концентрацијата ви е на завидно ниво. Во главно ќе размислувате за уживањата со саканата личност и ќе планирате патувања. Во духот сте далеку од местото на престој па би било пожелно кон крајот на денот да се спуштите од облаци, ви следи болно враќање во реалноста.

ЈАРЕЦ
Ве очекуваат промени во чија реализација вие ќе ја имате главната улога. Трпението не ви е силна страна па можно е да се појави извесна тензија и нерасположение. Неопходно е нештата да ги задржите под контрола и да го зауздате вашиот темперамен, во спротивно ве очекуваат големи стресови.

ВОДОЛИЈА
Во срцето ви се имаат вовлечено стравови. не сте сигурни дали ве сакаат затоа што вредите како човек или имате моќ да им приуштите нешто, дури и материјално. Одговорот на оваа дилема морате да го пронајдете во дното на душата која го знае одговорот.

РИБИ
Немате рационално објаснување поради што сте ја пропуштиле понудата која ви избега. Во врска со тоа ве очекува разговор кој нема да ви биде баш пријатен. Ќе добиете нова шанса ако спремно ја поднесете критиката и понудите логично оправдување.

Прегледи:
1602
Објавено на:
11.12.2020