Категории

СРЕЌЕН ВИКЕНД ХОРОСКОП ЗА 19-20 СЕПТЕМВРИ 2020 ГОДИНА

Денес Водолиите ќе се чувствуваат заљубено, Вагите ќе добијат љубовна понуда за која ќе се двоумат дали да ја прифатат а Биковите ќе имаат поволен викенд за финансиите..

ОВЕН
Овој викенд ќе бидете расположени за комуникација но не и за деловни отстапувања. Емоционално ќе бидете презадоволни и ќе подготвувате некое изненадување или поклон за вашата друга половина. Чувствителни дишни патишта, внимавајте на студените напитоци.

БИК
Овој викенд ќе биде поволен ден за вашите финансии а тоа ќе влијае позитивно на вашето расположение. Задоволни сте од секој аспект во вашиот живот. Уживате во љубовта со партнерот, испланирајте кратко патување или излет во природа, недалеку од местото на живеење. Ќе се чувствувате полетно.

БЛИЗНАЦИ
Нема да бидете задоволни од деловната ситуација на работното место и ќе размислувате што да направите за да доведете до промена на клучни нешта. Имате потреба за дружба, органзирајте средба со пријателите и партнерот. Чувствителни синуси.

РАК
Планирате нови деловни подвизи и тоа со многу ентузијазам. Љубовта не ви оди многу од рака и размислувате каде грешите кога се во прашање односите. Здравјето ви е солидно но ќе ви годи прошетка во природа.

ЛАВ
Силите полека ве издаваат кога е во прашање работата. Потребен ви е одмор за да соберете нови сили во борбата со деловните проблеми. Во емоционална смисла овој викенд е одличен за кратко патување со партнерот кое ќе ви го подигне расположението. Здравјето е непроменето.

ДЕВИЦА
Користите интуиција за правење на деловни планови и при пристапот со деловните соработници. Незадоволни сте кога се во прашање љубовните односи и имате чувство дека не можете да го контролирате тој дел од вашиот живот. Здравјето е задоволувачко.

ВАГА
Работата ви оди од рака и правите конкретни деловни планови за идниот период кои ќе се покажат како доста успешни. На љубовно поле ве чека пријатно познанство и љубовна понуда за која ќе се двоумите, ве советуваме да ја прифатите. Здравјето ви е добро.

ШКОРПИЈА
Нерасположени сте за деловни обврски и сметате дека би било подобро да одморите и да ја оставите работата за подоцна. Партнерот има проблеми со некој свој близок и се обидува да ви го каже тоа и да побара совет. Физички сте исцрпени.

СТРЕЛЕЦ
Расположено правите нови планови и убедени сте во својата способност за деловен успех. Емоционално сте потонале и не правите ништо за да ја подобрите ситуацијата затоа што не гледате излез од неа. Во физичка смисла се чувствувате добро.

ЈАРЕЦ
Размислувате која стратегија да ја примените на претстојните деловни состаноци. Некои состаноци ќе бидат одложени за подоцна. Имате нагласена потреба за љубов и интима со партнерот. Здравјето е солидно.

ВОДОЛИЈА
Моментално работата не ви е приоритет. Имате потреба да се осамите и на мира да размислувате за идните деловни планови. Заљубени сте и времето му го посветувате на вашата друга половина и на тој начин ги полните своите батерии. Чувствителни бубрези.

РИБИ
Деловно сте задоволни и размислувате како потег да превземете во иднина. Имате потреба за интима и блискост. Организирајте го вашето време на тој начин што ќе се посветите повеќе на себеси, но исто така издвојте време и за партнерот. Што се однесува до здравјето, се чувствувате енергично.

Прегледи:
1050
Објавено на:
19.09.2020