Категории

Среќна порака која ти го менува животот

Chelsie Morales и нејзиниот сопруг Will се во среќен брак, а ги очекува уште нешто навистина убаво во нивниот живот.

Имено Chelsie е бремена, а тоа што ја прави нивната приказна интересна е начинот на кој тоа му го соопштила.

Решила дека не сака веднаш да му каже дека ќе имаат бебе, туку одбрала посебен начин за тоа. Смислила план, контактирала нејзина соученичка од средно шоколо, која сега била професионален форограф и смислие начин како да го реализираат тоа.

Will „подлегнал“ на оваа слатка фотосесија мислејќи дека е наградна фотосесија, не знаејќи што го чека.

Фотосесијата се одржала кај езерото Standing Bear во Западна Омаха, Небраска. Фотосеријата била замислена на мала табла да напишат еден за друг три збора кои го опишуваат другиот. Will напишал „убава, духовита и паметна“, но  Chelsie не го направила тоа, туку наместо му соопштила дека ќе стане татко.

 

Ова е моментот кога тој ги дознава новостите, преслатка реакција и совршено доловен среќен момент во животот.