Категории

„Срцето не се двои од телото, не можеш да го натераш да не го сака она што го сака“ – Кукла од Памук

„Ти се смееш,
во телото крвта ми ја снемува.
Никогаш не ги сакав туѓите венчавки..
Празни приказни – ќе речам,
бајка која ја сонував како дете.

Зошто не ние?
Чекорите кон белите платна болат,
но не од потпетиците
ами од тлото кое ми се распарчи под нозете.

Искрено, ти посакувам..
Утра да не осамнат, ниту ноќи.
ни затишје на гласовите во тебе,
можеби еден ден ќе пронајдеш мир.
„Се најдобро.” – се насмевнувам.

Колку недели ќе поминат како оваа,
и нема да личат на неа.
Колку ѕвона ќе забијат,
чиј звук нема да е како овој денес,
но нема да е ниту нашиот.

Додека таа ја избира бојата
на постелнината на вашиот кревет,
јас веќе ги обоив ѕидовите
на собата каде никогаш нема да ми припаѓаш.

Паметиш ли еднаш ми рече,
срцето не се двои од телото,
не можеш да го натераш
да не го сака она што го сака..

Го слушам твоето како чука
во твојата соба,
го слушам и моето како чука
но во нечија туѓа.”

 

Следете за повеќе: https://www.facebook.com/kuklaodpamukblog/

Прегледи:
614
Објавено на:
13.06.2020