Категории

Стаклен терариум за растение како одличен детал за секој дом

Иако свежите букети изгледаат убаво во просторот, тие траат кратко и на крај мора да ги фрлите. Стаклените терариуми се одличен начин да се пополни просторот со растенија кои ќе траат долго и не бараат одржување.

Стаклени терариуми може да се купат готови или можете сами да ги направите дома, и совршено ќе се вклопат во модерни минималистички ентериери, како и оние исполнети со антички мебел. Растенијата во стаклените терариуми може да траат 10 години, не бараат многу внимание и совршено ќе го дополнуваат секој простор.

https://www.instagram.com/p/Bc0sWecBwSF/?utm_source=ig_embed

Единственото нешто што треба да обрнете внимание е да ги задржите на места во домот каде што температурата е приближно иста во текот на целата година. Така ќе бидете сигурни дека растенијата во терариумот не се ниту претеранo топли ниту премногу студени.

 

Прегледи:
1475
Објавено на:
07.05.2018