Категории

Стартапот Humane го лансираше својот прв производ!

Humane, петгодишен стартап за вештачка интелигенција основан од поранешни дизајнери на Apple, го објавија својот прв производ, Human AI Pin којшто вреди 699 долари – мало уредче коешто си го прикачувате за облеката.

Human AI Pin е дизајниран да ги замени паметните телефони дозволувајќи му на корисникот да испраќа пораки, да остварува повици, да бара информации преку гласовни пораки, да преведува говорни разговори од шпански на англиски и обратно во реално време, да ја превори дланката во мини екран на којшто се прикажува времето и датумот или она што е во близина.

„Корисниците ќе треба да плаќаат месечна претплата за податоци од 24 долари“, соопштуваат од компанијата.

Од стартапот соопштија дека ќе почнат да примаат нарачки за производот почнувајќи од 16 ноември.