Категории

Стартапот VanMoof прогласи банкрот

Стартапот за електронски велосипеди во Холандија, VanMoof официјално прогласи банкрот.

Компанијата ја паузирала продажбата, на почетокот тврдејќи дека причината се техничките проблеми, а потоа трврдејќи дека паузата била намерна за да се стигне со производството и нарачките.

Клиенти почнале да се жалат за квалитетот на велосипедите и компанијата се бори да се реконструира со своите финансии.