Категории

Стела Максвел во улога на шик парижанка во новата кампања на Karl Lagerfield

Карл Лагерфилд и моделот Стела Максвел ги здружија силите за снимањето на новата кампања инспирирана од омилениот град на познатиот дизајнер – Париз. Кампањата ја сними Даниел Џексон што е особено изненадување со оглед на тоа што Карл најчесто сака сам да ги фотографира сопствените кампањи.

Колекцијата донесува тренди и шик парчиња препознатливи за стилот на дизајнерот, како што мажествените кроеви и ретро материјалите.

“Кампањата ја снимивме во Њујорк но сепак успеавме да го ресоздадеме Париз. Тимот успеа да направи цела проекција која ги симулираше светлата на градот, познатите споменици како и сите познати места во Париз. Навистина е импресивно”, изјави Стела за кампањата.

Прегледи:
309
Објавено на:
13.08.2017