Барселона го „здроби“ Еибар со 4:0 изминатиот викенд, а Лео Меси беше стрелец на два гола на тој меч. Играчот на Еибар, Серхио Гонтан Кека сакал да открие што пие најдобриот фудбалер на светот пред натпреварите што е толку добро физички подготвен. Тој влегол во соблекувалната на Барселона и го нашол шишето на Меси.
„Тајно влегов во соблекувалната на Барселона затоа што сакав да дознаам што користи Меси пред мечевите што е толку добар на теренот. Најдов само обична вода, тоа е сè“, напишал Кеко со фотографија од шишенцето.