Категории

Стогодишна баба урна светски рекорд

Ида Келинг, американска стогодишна баба постави нов рекорд во атлетската дисцплина трчање на 100 метри за жени од 80 и повеќе години.

Келинг на 122. најстар американски атлетски маратон „Penn Relays во западна Филаделфија истрча 100 метри за една минута и 17 секунди.

Ида од 2011 година го држи и рекордот во трчање на 60 метри за жени на возраст од 95 до 99 години.

Келинг почнала да се занимава со атлетика во 67. година од животот, по семејната трагедија во која се убиени двајца нејзини синови, соопшти нејзината ќерка Шели.

– Тоа беа мрачни времиња. Беше многу вознемирена. Еден ден и реков дека ја водам на трчање и минавме патека долга три километри. Тоа беше почетокот на нејзината тркачка кариера и голем лек за неа, вели Шели.

На прашањето која е тајната на нејзината долговечност, Ида одговара: На љубовта кон себе!.

– сакајте се себе. Јадете здрава храна и вежбајте секој ден најмалку по 10 или 15 минути, вели таа.

Ида Келинг е родена во Харлем во Њујорк во 1915 година.

Прегледи:
476
Објавено на:
09.05.2016