Категории

Страв од брак – Зошто партнерите уживаат во долга врска а не сакаат венчавка

Зошто паровите во долга врска потешко се одлучуваат да се венчаат?

Партнерите кои се во долга врска се само на чекор до стапнувањето во брачните води. Но никако да го направат тој важен чекор. Додека едниот партнер сонува за мигот кога ќе го изговори судбоносното „Да“, другиот сеуште не брза со одлуката да ја официјализира љубовта сметајќи дека не е неопходно.

Зошто паровите во долга врска потешко се одлучуваат да се венчаат?

Дали е тоа бегство од обврските кои бракот ги носи со себе? Дали тоа значи дека ќе престане комфортната зона со тоа што ќе се замени со поголема одговорност или сметаат дека тоа е парче хартија кое суштински нема ништо да промени во нивниот однос во животот.

Психолозите откриваат во што е причината.

„Долгата врска може да значи сочувување на навиките и воспоставување на сигурност од која не би било лесно да се продолжи понатаму или да се изложи на ризик. Може да значи и неприфаќање на обврските и одговорност во односот. Кога личностите се разликуваат и нивното животно сценарио како и квалитетот на заедништвото и семејствата од кои доаѓаат.

Да кажеме дека родителите на едниот партнер можеби немале особено среќен брак но затоа неговите баба и дедо имале. Или обратно. Раните искуства можат да бидат од особена важност во донесувањето на одлуката.“

Кој се двоуми повеќе, мажите или жените?

„Тоа е доста индивидуален став кај секој партнер без оглед на полот. Сепак понекогаш жените имаат појасно одредување околу тоа дали би сакале да изградат иднина со партнерот покрај кој се наоѓаат.
И жените и мажите понекогаш сметаат дека тоа не е добро за нивните години.
Стравот од неуспех кој се манифестира во ралзични облици знае да биде присутен при избегнувањето на официјализирање на врската.“ – откриваат психолозите.

Прегледи:
638
Објавено на:
18.07.2020