Категории

Стравот постои само во нашиот ум

Зошто стравот е илузија?

Одговорот е доста едноставен. Стравот е манифестација на живеењето на нашиот живот во она што било, врз темел на се од кое создаваме слика за она што би можело да биде. Страв е измислица а не живеење во сегашниот миг, стравот е создание од нашите мисли, нашите уверувања, верувања во она што било, врз чиј темел создаваме слика за тоа што би можело да биде.

Едноставно речено, замислуваме што би можело да се случи и на тој начин ги застрашуваме сопствените мисли.Живот во она што било или што би можело да биде, а не во сегашниот миг манифестира страв.

Безброј пати во нашиот живот сме се увериле дека она во кое сме верувале дека може да се случи, не било точно, сме живееле во илузија, односно сме биле заглавени во илузијата за тоа што би било.

Па според тоа можеме да заклучиме дека доколку не живееме во сегашниот миг, жвееме во илузијата, мислите и уверувањата за тоа што било или што би можело да биде. Илузијата создава страв, а стравот е илузија, затоа што илузијата не може да се зодаде. Лагата може да создаде само нова лага. Стравот е само измислена илузија, и како таков стравот самиот по себе е илузија.

Прегледи:
860
Објавено на:
23.02.2020