Категории

Сурови вистини за животот кој ќе ве направат помоќни

Животот е прекрасен и чудесен. Но никако не е лесен. Некогаш е многу тежок, а некогаш самите ние го отежнуваме. Се држиме до нештата кои ни наштетуваат, одбиваме да ги видиме едноставните вистини затоа што се плашиме од нив. Вилијам Бетит направи попис кој совршено ги опишува тешките животни вистини кои треба да научиме да ги прифатиме.

Сите кои ги сакаш еден ден ќе умрат
Иако звучи застрашувачко, благодарение на ова можеш да ги продлабочиш своите односи. Многу луѓе саканите ги земаат здраво-за-готово и тогаш се каат кога нема веќе време. Родители, баба и дедо, пријатели – никогаш не знаеме уште колку долго ќе бидат со нас. Дали си ги побарал своите родители во последно време? Треба да ги негуваме нашите односи:

Ние му даваме значење на животот
Будистите веруваат дека го создаваме својот свет со мислите и делата. Према тоа, животот кој има смисла е наш избор. Не мораме да ја спречиме гладта во светот, смислата за живототот можеш да ја поседува дури и ако си продавачка. Почесто се фокусираме на она што го немаме па животите ни се чинат празни.

Не постои совршен партнер
Ова не значи дека мораме да прифатиме да бидеме во врска со некој со кој се чувствуваме очајно, но кога ќе го запознаеме партнерот, нема да живееме среќно засекогаш без да се потрудиме. Можеме да бидеме среќни и исполнети во врска, но треба секогаш да комуницираме и работиме на неа.

Животот е игра
Зошто целиот живот да одеме како на јајца, во страв дека нешто лошо може да се случи?
Во животот треба да учиме од искуствата. Треба да се придржуваме кон правилата и да напредуваме. не можеме да успееме ако не сме спремни да играме. Дали некогаш си слушнал за фудбалер кој не згазнал на игралиште?

Се има крај
Ова е доста тешко, не е засекогаш. Нема засекогаш да бидеме млади или заљубени. Живееме и еден ден ќе умреме. Толку многу пред нас биле тука. Ова нас не треба да не депримира туку ќе не натера на благодарност. Кога се би траело засекогаш, не би било посебно. Треба да го цениме.