Категории

Таа им го променила животот; Животот на шест браќа после раѓањето на најмалата сестра (ВИДЕО)

Минатата година светот беше емотивно потресен со приказната на шесте браќа кои во својата фамилија добија женско појачување, а како и колку нивниот свет оттогаш се променил погледнете во неодоливото видео кое е направено по повод првиот роденден на Руби…

Кога минатата година Стефан и Шер Лер и посакаа топло добредојде на својата прва ќерка Руби, нивните шест сина не беа целосно сигурни за тоа колку нивниот живот ќе се промени. Момчињата во тие моменти дале интервју кое подоцна е склопено во едно емотивно видео кое многу брзо се рашири низ целиот свет, а за нивната неодолива збунетост најголем придонес има токму новиот член на семејството.

Руби неодамна го прославила својот прв роденден, па по тој повод е направено едно ново видое во кое нејзините постари браќа кажуваат како поминала, веројатно најнеобичната и најубавата година во нивните животи.

“Таа не престанува да брбља скоро никогаш. Можам да кажам дека најверојатно ќе биде напорна, но и тоа дека ќе постојано ќе сака да иде во шопинг”, заклучува Џексон (14).

Сојер (8), кој својата сестра малку после нејзиното раѓање ја опиша како вистински рубин (Руби), објаснил што сфатил од кога во неговиот живот влегло и едно девојче.

“Она што не можам да го правам кога во моја близина се наоѓаат женски особи е да прдам и подригнувам”, жалосно соопштува преслаткиот Сојер.

Нокс, кој само две години е постар од неговата сестра, ја храни својата сестра додека истовремено и пее роденденска песна.

“Мислам дека е преслатка”, со одушевување кажува петгодишниот Шепард, додека Хјустон (6) си игра со Руби убедувајќи ја да мафне во насока на камерата.

“Ова е нешто што е прилично ново за мене, бидејќи јас растев со петорица браќа, а таа е сосема поинаква. Таа е дар од небото. Таа е Руби (рубин). Таа е најубавата работа која ми се случила во животот”, објаснува Кемпбел (11).

Прегледи:
367
Објавено на:
10.11.2016