Категории

Таа не те напушта поради тоа што го кажа, туку поради сè она што премолчи

Таа ќе те напушти, знаеш.

Таа ќе те остави. Не поради тоа што си и го направил, туку поради тоа што не си го направил. Таа ќе те остави не поради тоа што си и рекол, туку поради работите што никогаш не си ги кажал.

Таа ќе те остави затоа што и велеше дека ја сакаш, но тоа не го покажа. Го кажуваше тоа тивко, шепотејќи, сред ноќта, но никогаш вистински не го почувствува значењето на тие зборови.

Таа ќе те остави, бидејќи никогаш не се појави на нејзините важни настани во животот. Кога те молеше да и помогнеш, да ја утешиш, да и ги покажеш своите чувства, ти само ги крена рамениците, затоа што не знаеш зошто не направи ништо во врска со тоа. Само многу зборуваше и зборуваше. Само ветуваше и никогаш не исполнуваше.

Ќе те остави затоа што никогаш искрено не чувствуваше нешто за неа.

Затоа што доколку ти беше важна, немаше да ја лажеш, немаше да измислуваш провидни оправдувања. Доколку ти беше навистина важна, немаше да се лутиш на секоја ситница. Ако ти е навистина важна, немаше да заборавиш да се појавиш. Да ти е навистина важна, би ја ислушал. Би знаел што сака, што и е потребно, а ти кажуваше толку јасно.

Ќе те остави, затоа што ти всушност не си личноста што се претставуваше дека си. И затоа таа веќе не сака да биде со тебе. Ти не ја гледаш вашата заедничка иднина, не гледаш фатени раце, ни убава ни трагична слика.

Таа си оди, затоа што ти не правиш ништо за да ја задржиш во нејзината намера.

Таа бега од животот кој можевте да го имате заедно. Тој бега од тебе, додека ти стоиш скаменет, без зборови, без обид да ја сопреш, без името да и го споменеш.

Таа си оди бидејќи знае дека не ја сакаш доволно за да ја замолиш да остане.

 

Таа си оди, затоа што ти немаш сила да го направиш вистинскиот потег. Немаш љубов во твоето срце за да ја замолиш да размисли уште еднаш, да пронајдете заедничко решение. Немаш храброст да ја наговориш да остане.

 

Затоа ќе си отиде и нема да погледне наназад. Затоа што таа заслужува некој кој ќе се обиде. Таа заслужува некој кој ќе се бори за неа. Кој ќе рече: “Застани. Немој да си одиш. Немој да трчаш. Остани”.

Таа заслужува да биде сакана, затоа си оди да ја пронајде својата среќа.

Прегледи:
406
Објавено на:
06.11.2017