Дедо Мраз се вклучи во кампањата против злогласениот вирус.
Дедо Мраз на Тајланд потполно ги промени своите вообичаени навики: не се вози во санки кои влечат ирвази и не им дели слатки на децата. Наместо тоа, јава слон а на децата им дели заштитни маски.
Всушност прочуениот дедо се вклучи во акција на подигнување на свеста за заштита од вирусот кој не зафати оваа година. Дедо Мразовците помошници, со црвени облеки и капи, на украсените слонови во средишната покраина Ајутаја им делат на децата заштитни маски.
Веќе 20 години училиштето во оваа покраина на крајот на годината го посетуваат слонови а децата добиваат слатки и играчки. Оваа година и слоновите почитуваат физичка дистанца и се наоѓаат надвор од училиштата. Четири слона, во придружба на италијанскиот Дедо Мраз ги поттикнуваат луѓето да носат маски, да мијат раце и да постапуваат по сопствени мерки и предупредувања.
Италијанските власти повикаа на дополнително внимание затоа што во текот на викендот потврдено е најголемо ширење на заразата во близина на Банглока и во неколку покраини.