Категории

Тајната на Бијонсе: Со 4 вежби до заводлив задник

Доколку сакате да добиете стегнат задник како на поп дивата Бијонсе не ви треба многу напор. Доволно е само да одвоите време и секојдневно да ги применувате следните 4 вежби.

1 . Спојте ги нозете. Едната нога поставете ја на страна со прстите вперени напред и пробајте да го виткате коленото на другата нога колку што можете повеќе. Направете 3 серии од 20 повторувања. Сменете нога.

2. Легнете на грб, ставете ги нозете на топка и подигнувајте се со колковите. Додека ги држите нозете горе, пробајте да ја повлечете топката накај вас и повторно да ја вратите. Направете 3 серии со 20 повторувања. Внимавајте само колковите да не се спуштаат надолу.

3. Седнете со колената свиткани на страна. Кренете ја едната нога 20 пати, држете ја горе 10 секунди и потоа повторете 10 пати. Сменете ја страната и повторете ја истата вежба.

4. Застанете со споени нозе. Изнесете ја едната нога напред, свиткајте ги двете нозе во колената и клекнете – што подолу, толку подобро. Направете 3 серии од 20 клекнувања, па потоа сменете ја ногата.

Прегледи:
370
Објавено на:
22.04.2016