Дона Мигуелина, мајка на поранешниот играч Роналдињо Гашчо, почина ноќеска на 71-годишна возраст, како резултат на компликации на Ковид-19.
Таа беше примена во болницата Мел де Деус, во Порто Алегре од декември минатата година. Според лице блиско до семејството, состојбата на Дона Мигуелина се влошила последниве денови поради инфекција .