Категории

„Те љуби ли таа онака како што јас никогаш не покажав?“ – Кукла од Памук

„Замина.
Затишје.
Каде си?
Молк?
Која е таа?
Која ти потпира топли дланки на градите?
Се смее ли како мене додека и виреат солзи
како небо среде Декември?
Го врти ли погледот
кога ќе ја гледаш во очи долго?
Трeснува ли врати додека сеуште го носи
твојот вкус на усните?
Молчи ли толку убаво како јас додека заминуваш?
Дали се топат ледови и цутат мајски јасмини кога се насмевнува?
Оживеа ли во нејзината топла пролет
или сеуште умираш во мојата бескрајна зима?
Умее ли да ти каже „Те сакам“ онака како што јас никогаш не знаев?
Те моли ли да останеш онака како што јас никогаш не се осмелив?
Те љуби ли онака како што јас никогаш не покажав?“

Следете за повеќе: https://www.facebook.com/kuklaodpamukblog/

Прегледи:
729
Објавено на:
08.08.2020