Категории

ТЕАТАР КОМЕДИЈА ДЕНЕС ЗАПОЧНУВА СО РЕПЕРТОАРОТ ЗА 2019 ГОДИНА

НУ Театар Комедија во 2018 година според статистичките податоци е најпосетуван театар. Во овој театар, односно за претставите кои се на репертоар се бара карта повеќе. Според анкетата од испитаниците 62 проценти ја издвоија институцијата НУ ТЕАТАР КОМЕДИЈА за најпосакувана т.е. институција која ја посетиле.

Во 2018 НУ ТКС продуцираше четири премиери, а последната беше на крајот на 2018 година, премиера на претставата Нема да платам во режија на Александра Кардалевска.

Од денес 22.01 вторник со првата реприза на претставата Нема да платам, започнува и официјално реперторат на Театар Комедија за 2019 година. Публиката повторно може да ужива и во хитовите: Не сега драга, Вардарски пастуви, Викенд на мртовци, Стјуардеси, Жена ми се вика Борис, Дони Дарк, Мизантроп, Нема да платам и многу други.

Колку што дознаваме од сигурни извори од театарот веќе претставите за месец јануари се распродадени. Исто од управата не информираат дека секоја недела сладокусците на театарот ќе можат да гледаат претстави кои се во приватна продукција, а и студенски претстави во кои играат студенти кои се четврта година на Факултетот за драмски уметности од Скопје.