Категории

Температура од 48 степени: Најтоплиот февруари во историјата на Австралија

Австралиските итни служби се подготвуваат за потенцијална катастрофа, откако мораа да локализираат над 50 пожари во државата Нов Јужен Велс поради топлотниот бран кој го погоди источниот брег на земјата.

Метеоролозите најавуваат дека живата во термометарот во некои области ќе се искачи до 48 степени.

Ова е најтоплиот февруари во Австралија, од кога се води евиденција за температурите.

Во Нов Јужен Велс вчера беше измерена температура од 47 степени Целзиусови, што доведе до голем притисок на електро мрежата, па се очекуваат масовни исклучувања.

Прегледи:
339
Објавено на:
11.02.2017