Категории

Тестенините помагаат во слабеење

Тестенините во последните години се на лош глас исто како и лебот и се сметаат за непријатели на витката става.

Но научниците велат дека тоа е мит и всушност тие помагаат во губење на килограмите.

Имено ако тестенините се вклучени во медитеранската исхрана богата со зеленчук и маслиново масло всушност се поврзува со благо намалување на индексот на телесна маса.

Во студијата која ја спроведоа италијанските научници анализирана е исхраната на повеќе од 23.000 луѓе од два региона во Италија. Учесниците запишувале што јаделе во дневник за исхрана, а потоа одговарале на прашањата на научниците.

Количината на тестенина која ја внесувале на дневна база е стандардизирана и споредена со нивниот индекс на телесна маса како и обемот на струк и колковите.

Се испоставило дека пастата не влијае на гојазноста, туку дури придонесува за слабеење.

Лидерот на студијата Џорџо Пунис вели дека податоците покажуваат дека тестенините никако не треба да се елиминираат од чинијата.

„Медитеранската исхрана базирана на умереност во конзумацијата и почитувањето на разноврсните намирници добра е за вашето здравје“, заклучува тој додавајќи дека тестенините се нејзин составен дел од кој не треба да се откажуваме.

Треба да се има предвид дека умерен оброк треба да содржи околу 50 до 65 грама тестенини.

Прегледи:
657
Објавено на:
07.07.2016