Категории

ТИ НЕ ЗАСЛУЖИ, ЈАС ДА ТЕ САКАМ!

Ако јас сум таа која што е виновна за се, бегај од мене!

Упорно доаѓаш по мене.  Ми го следиш секој чекор , а ти сметам.

Што е? Што се случува со тебе? Зошто се промени?

Нешто има , а не кажуваш.

Се надеваш дека сам ќе успееш?

Добро, те оставам бори се сам, бори се , можеби ќе успееш.

Сега ми викаш дека јас сум причината поради што вака се однесуваш.

Ми викаш, дека се ти се случило поради мене?

Што е тоа се? Објасними.

Немаш одговор, така?

Не знаеш што да кажеш?

Но ете, ако јас сум причината поради што се ти случува ,тогаш заминувам од твојот живот.

Беше грешка што те сакав.

Ајде сега, штом јас сум виновна за се, бегај од мене , бегај , затоа што може да ти се случи полошо.

ТИ НЕ ЗАСЛУЖИ, ЈАС ДА ТЕ САКАМ!

ТИ НЕ ГО ЗАСЛУЖИ ТОА ШТО ЈАС ГО ПРАВЕВ ЗА ТЕБЕ!

ЌЕ ПРОПАДНЕШ БЕЗ МЕНЕ, НО МИЛО ЌЕ МИ Е, МНОГУ ЌЕ МИ Е МИЛО ДА ТЕ ГЛЕДАМ КАКО ПРОПАЃАШ.

ЗАТОА, ЗБОГУМ.

Георгина Ристеска

Прегледи:
436
Ознаки:
Објавено на:
26.01.2016