Категории

„Ти посакувам доволно“ … Приказна за мајка и ќерка и нивната разделба на аеродром.

Неодамна присуствував на разговор помеѓу мајка и ќерка на аеродром и ненамерно забележав како се поздравуваа за последен пат во животот, во моментот кога се слушна најавата дека авионот од ќерката со кој треба да патува – набрзо ќе полетува. Стоејќи во близина на сигурносната капија, тие се прегрнаа и мајката и кажа “Ти посакувам доволно“. Ќерката на тоа одговори: „Мамо, нашиот живот беше и повеќе од доволно. Твојата љубов беше се што ми е потребно во животот. Исто така и јас ти посакувам доволно мамо.“ Тие се бакнаа и ќерката замина. Мајката пријде кон прозорецот каде што седев јас. Стоејќи таму, забележав дека само што не почнала да плаче. Не сакав да ја нарушам нејзината приватност, но таа ми пријде и ми рече : „Сте морале ли некогаш на некој да му кажете збогум, знаејќи дека тоа е засекогаш ?“

„Да“, одговорив. „Простете што ве прашувам, но зошто кажувате постојано дека тоа збогум е засекогаш ?“

„Па, јас сум стара, а мојата ќерка живее далеку. Пред мене стојат предизвици и реално, следната наша средба ќе биде на мојот погреб.“

„Кога и рековте збогум, слушнав дека и кажуавте – ти посакувам доволно. Смеам ли да прашам што значи тоа ?“

Лицето и се промени, и се насмевна … „Тоа е желба која се пренесува во нашето семејство од генерација на генерација. Моите родители секогаш ја користеа таа изрека. “

„Кога реков доволно, мислев дека и посакувам живот исполнет со доволно добри работи кои и се потребни.“

Потоа се заврти, и по сеќавање почна да кажува…

„Ти посакувам доволно сонце за твојот став да биде осветлен.

Ти посакувам доволно дожд за да го цениш повеќе сонцето.

Ти посакувам доволно среќа за да го одржи твојот дух жив.

Ти посакувам доволно болка, за да и најмалата радост ти изгледа многу голема.

Ти посакувам доволно добивки за да ги задоволи твоите желби.

Ти посакувам доволно пораз за да го цениш тоа што го имаш.

Ти посакувам доволно поздрави од добри луѓе за полесно да го преболиш последното збогум“.

 

Тогaш жената заплачи, и замина.

Кажуваат дека е потребна минута за да ја пронајдеш посебната особа.

Час за да почнеш да ја цениш.

Ден за да ја засакаш.

И цел живот за да ја заборавиш.

 

 

Прегледи:
582
Објавено на:
12.01.2016