Дури ни познатите дами не можеа да му одолеат на овој тренд
Звонарките беа актуелни минатата пролет, а така ќе биде и оваа сезона.
Панталони кои го исполнуваат сонот на секоја жена и ги прават нејзините нозе да изгледаат витко. Звонарките се се што е потребно за една дама од стил.
Тие можат да се носат на безброј начини и во повеќе прилики. Со обична бела маица и кожна јакна ќе биде одлична комбинација за одење во кино или на кафе со пријателите, додека од друга страна, доколку ги комбинирате со кошула и сако, тоа ќе биде одлична деловна комбинација.
Звонарките, исто така, можат да бидат и одличен стајлинг за излегување, ако ги споите со високи потпетици и интересна маица.
Оваа пролет, секоја жена мора да има барем еден пар во нејзината гардероба. Ако сè уште не сте ги набавиле, време е за шопинг.