Категории

ТИЕ ЈА ПОМИНАА И 50-ТА И ГОРДО ГО ПОКАЖУВААТ СВОЕТО ТЕЛО ВО БИКИНИ!

Интернет мрежата е преполна со згодни и млади девојки коишто парадираат во бикини, па некако како сите да заборавија дека и позрелите дами имаат што да покажат.

Овие дами имаат повеќе од 50 години, но сепак и понатаму гордо го покажуваат своето тело во бикини, заедно со сите негови несовршености.

Поранешната манекенка Кристи Бринкли има 62 години и тело на коешто и децении помладите дами би и подзавиделе. Во бикини, со голем шешир и марама врзана на колковите, таа позираше за Instagram и со широка насмевка ни покажува дека навистина ужива во летните денови.

nad-50-ta-odlicno-bikini-telo-02

А познатата Саманта и во 59-та година може да се пофали со фантастична фигура во бикини. Ким Катрал е фотографирана на плажа во Малибу, и тоа како собира отпадоци и се грижи за околината за време на паузата додека се фотографирала за еден магазин.

nad-50-ta-odlicno-bikini-telo-03

Брук Шилдс има 51 година, а и понатаму одржува линија како млада девојка. Зеленото бикини одлично се вклопува со нејзиниот исончан тен.

nad-50-ta-odlicno-bikini-telo-04

Голди Хон и во 70-та година има фит линија и е жив доказ дека годините не се никаква препрека за да се има добар изглед. Таа во овој случај избрала одлично едноделно бикини и очила и качкет за да го заштити лицето од сонце.

Прегледи:
365
Објавено на:
19.07.2016