Категории

Тимот на PowerHouse Pilates е подготвен за масовното скокање на јаже: Бидете и вие дел од овој настан!

Во тек е Европската недела на спортот, исполнета со најразлични активности кои се одлична можност за забава, дружење, промовирање здрав живот и навики. Тимот на PowerHouse Pilates како еден од амбасадорите на Европската недела на спортот, воедно и промотери на здравиот живот, спортскиот дух и физичката активност, денес, на плоштадот Македонија ќе бидат дел од овој голем настан – Масовно скокање на јажиња. 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by PowerHousePilates (@powerhousepilates.mk) on


Денешниот настан ќе започне во 18 часот, а поради тоа во сите 3 студија ќе се одржи само терминот од 17 часот. Потоа, сите заедно се префрламе на плоштад, да се забавуваме на еден поинаков начин, на отворено забавувајќи се со присутните.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by PowerHousePilates (@powerhousepilates.mk) on


Втора година по ред, на плоштадот Македонија се одржува масовното скокање на јажиња. Бидете дел од многубројните граѓани кои ќе се придружат на овој голем настан кој нуди активирање на целото тело, проверување на своите физички капацитети и најважно од сѐ многу смеа, забава и дружење! Секој кој ќе биде дел од овој настан ќе добие реквизити за да им се придружи на останатите.

Во продолжение погледнете како се подготвуваше тимот на PowerHouse Pilates за денешниот настан:

 

View this post on Instagram

 

A post shared by PowerHousePilates (@powerhousepilates.mk) on

Бидете и вие дел од тимот кој секогаш знае како да создаде забава во спортувањето!