Категории

Топ 10 работи кои жените ги носат, а мажите не можат да ги поднесат

Привлечната жена е згодна во се што ќе облече, или пак тоа не е така? Бројни мажи, иако не пред партнерката, признаа кои се модните додатоци кои не се ни малку привлечни, а некои се дури и грди.

Колку и да не се расправа за вкусовите, откријте кои се топ 10 работи кои поголемиот дел на мажите не сакаат баш да ги гледаат на жените.

1. Вештачки нокти

Негуваните раце и убавите нокти се секогаш адут, но постои и нешто што се нарекува претерување. Предолги, преукрасени и едноставно пренападни нокти се грди за дури 90% од мажите.

2. UGGS

2

Популарни во оваа зимско доба, овие чизми се еден од парчињата гардероба кои на мажите им делуваат непривлечно бидејќи немаат конкретна форма и изгледаат детски, а со тоа се согласуваат 70% од мажите.

3. Нанижани алки

3

Алките можат убаво да допринесат за изгледот и да делуваат женствено, но ако раката е полна со нив и тоа тропка на сите страни, особено ако се во јаки бои тие делуваат детски – тие нема да им се допаднат на 60% од мажите.

4. Патики со високи потпетици

4

Еден од модните трендови кој е популарен во последниве години се таканаречените патики со високи потпетици, кои симулираат чевли со висока потпетица и даваат висина, но изгледаат како патики. Тие се грди за преку 90% од мажите.

5. Висечки капи

5

Популарните капи кои висат, дамите често ги одбираат во студените денови, бидејќи ги греат и не ја расипуваат фризурата. Мажите им замеруваат бидејќи делуваат неугледно и премногу детски.

6. Платформи

6

Поголемиот дел од жените ги обожаваат затоа што изгледаат како високи потпетици, но многу поудобни. Повеќе од 65% од мажите велат дека им делуваат гломазно, како чамци.

7. Вреќасти пантолони

7

Панталоните кои се прешироки, односно “панталони од дечко ти” се грди за преку 70% од мажите.

8. Балетанки

8

Уште еден пар обувки се балетанките, кои скоро секоја жена ги има во плакарот. Ним им делуваат идеално – имаат форма на чевли, а се поудобни и од патики. Околу 55% од мажите сметаат дека делуваат “паткасто”.

9. Силна шминка

9

Без разлика дали станува збор за пренагласени усни или очи, факт е дека околу 80% од мажите преферираат умерено нашминкани жени, додека оние со многу шминка им делуваат вулгарно, со исклучок на тоа кога постои навистина посебна пригода. Во тоа спаѓаат додатоците како вештачки трепки, истетовирани веѓи…

10. Преголеми наочари за сонце

10

Повеќе од 70% од мажите сметаат дека големите наочари за сонце кои го покриваат поголемиот дел од лицето се одбивни.

Прегледи:
614
Ознаки:
· ·
Категории:
Занимливости
Објавено на:
19.01.2016