Категории

Топ 40 причини зошто е подобро да си жена

Набројавме некои практични детали по кои се разликуваат сите жени од мажите и поради тоа животот им е полесен и поедноставен. 

  • Статистички, на жените почесто им се простуваат казни и слични престапи
  • По оргазмот на мажите им е потребен одмор, но жените можат да доживеат неограничен број на оргазми
  • Жените секогаш имаат изговор за нивното однесување и во караниците изнесуваат аргументи
  • Жените не мораат да се грижат околу губењето на косата, додека оќелавувањето мачи дури 70% мажи над 30-та
  • Помалку се потат од мажите
  • Живеат подолго

  • Повеќето жени имаат подобар моден вкус од мажите
  • Во просек, за жените е полесно да добијат секс
  • Имаат поголема толеранција на болка
  • Можат да се опијанат побргу и за помалку пари од мажите
  • Жените можат да се гушкаат со пријателките, а околината да не се посомнева во нивната сексуална ориентација
  • Почесто завршуваат факултет и во просек се подобро образувани

  • Можат да ги пробушат ушите и да ја обојат косата во било која боја, а притоа да не добиваат чудни погледи
  • Жените мешу првите се спасуваат од бродовите кои тонат
  • Жените можат да ги заплашат машките шефови набројувајќи гинеколошки проблеми кои тие не ги разбираат
  • Можат да прашаат за насока, а притоа да не се чувствуваат неспособни поради тоа
  • Желбата за секс кај жените се зголемува со стареењето
  • Жената која плаче, околината ќе ја доживее како емотивна, а мажот како слабак

  • Жените имаат бесплатна психотерапевтка во облик на пријателка
  • Ниските жени се слатки, додека за ниските мажи се смета дека патат од „Наполеонов комплекс“
  • Од жената не се очекува да знае се да поправи сама
  • Имаат подобри комуникациски вештини
  • Истражувањата покажуваат дека жените имаат 15% поголеми шанси да преживеат несреќа
  • Жените кои не се талентирани за спорт никогаш не се исмејуваат во друштво

  • Ако има големи уши, тоа лесно може да го прикрие со косата
  • За да зборуваат искрено за своите емоции, жените не мораат да се опијат
  • Купувањето облека за жените е забава
  • Жените не мораат да се јават први, бидејќи тоа не се очекува од нив
  • Способни се истовремено да пеглаат, телефонираат и гледаат телевизија
  • Жените ја знаат вистината за тоа дали големината е важна
  • Од жените не се очекува да носат тешки предмети
  • За жената и новиот кармин може да и го разуави денот

  • Од жените не се очекува да подаруваат цвеќе, туку само да добиваат
  • Жените созреваат порано од мажите, додека некои мажи никогаш не созреваат
  • Не се грижат дали ќе се потфатат затворајќи го шлицот на пантолоните
  • Не се чувствуваат како кукавици ако одбијат физичка пресметка
  • Најчесто добиваат тарателство врз децата при развод
  • Тие се понежен пол
  • Тие се поубав пол
Прегледи:
387
Објавено на:
08.03.2018