Категории

ТОП СОВЕТИ ЗА ЖЕНИТЕ СО ОБЛИНИ: ЕВЕ НА ШТО ТРЕБА ДА ПАЗИТЕ ПРИ ИЗБОРОТ НА БИКИНИ

Секоја жена, без разлика на пополната грабда на телото, може да пронајде бикини кое ќе и стои совршено. Важно е само да се внимава на некои работи и да се избере модел кој и одговара баш на нејзе.

-Пополничките жени треба а бираат костим, во кои гаќичките се подлабоки така што би го прикриле вишокот на стомакот. Сега се доста модерни ретро моделите, каде гаќичките се баш такви.

-Одличен избор се и моделите со воланчиња околу колковите, тие изгледаат како да имате фустанче.

-Едноделен костим за капење е исто така добар избор. Во тој случај добро е да има отворен грб, така телото ќе изгледа подобро.

-Жените градени како песочен часовник, значи со големи гради и тенок струк, им стојат минијатурни бикини или едноделен костим со прорез околу струкот.

-Ако ви се градите поголеми, важно е да стојат цврство во кошницата и да се види вишокот, односно горниот дел мора а биде доволно голем така што целите гради би влегле во нив. Модели кои со тенки ленти се врзуваат околу вратот главно не им стојат добро на жените со големи гради, освен ако градите по некое чудо, стојат цврсто сами од себе.

-Ако ви се градите мали, добро е да ги нагласите затоа што така остатокот од телото ќе изгледа потенко. Малите гради ќе изгледаат побујно во бикини кое изгледа како лента или има влошки во корпите.

-Главно, деловите од телото кои сакате да ги истакнете најубаво е бидат покриени со живи бои и интересни апликации, а за оној дел кој сакате да го сокриете бирајте темни, без многу нијанси. Така поживите бои ќе ги привлекуваат погледите на другите, па нема да даваат внимание на несовршеностите.

Прегледи:
431
Објавено на:
23.06.2016