Категории

Тотално луди начини како да препознаете кој познат сликар насликал одредено уметничко дело

Историјата на уметноста може да биде исклучително комплицирана тема непристапна за некого кој не поминал долго време совладувајќи ги сите суптилни детали на големите ремек дела.

На голема среќа на љубителите на уметноста кои едноставно немаат време да ги разберат сите моменти во историјата на уметноста, интернетот создаде неколку урнебесно смешни и лесно разбирливи начини за препознавање на делата на големите сликари.

Ви донесуваме листа на најсмешните но и најпрецизни детали според кои можете да ги импресионирате сите кога ќе се најдете во музеј и ќе посакате да оставите впечаток на добар познавач на уметноста.

Ако сите, вклучувајќи ги и жените личат на Путин – се работи за Јан Ван Ејк

Ако сите изгледаат како бездомници осветлени со пригушено светло на улична лаба – се работи за Рембрант

Ако изгледа како нешто кое сте го виделе синоќа додека сте биле дрогирани – се работи за Дали

Ако сликата содржи многу мали луѓе и еден куп глупости – се работи за Јероним Бос

Ако сите имаат некој вид на физички деформитет – мора да е Пикасо

Ако се тоа пејсажи кои како да побегнале од „Господарот на прстените“ во кои ја има Богородица со таласаста коса и аристократски нос – станува збор за Да Винчи.

Ако забележите балерини – тоа е Едгар Дегас

Ако прикажува прошарано светло и несреќни луѓе на среде забава – гарант е Едуар Мане

Ако светлото е прошарано и нема фигури – сигурно е Моне

Ако прикажува прошарано светло и среќни луѓе среде забава – тоа е Реноар

Ако сите се преубави, голи и набилдани – тоа може да е само Микеланџело

Ако пред вас се наоѓа табела како од Ексел со некои обоени полиња – тоа е Мондриан

Ако сликите имаат темна позадија и сите имаат намачен израз на лицето – тогаш е Тицијан

Ако гледат тон мали луѓе но се изгледа нормално – станува збор за Питер Бројгел

Ако сите мажи изгледаат како весели жени со кравји очи – тоа е Караваџо

Ако сите имаат огромен гол задник – се работи за Рубенс

Ако секоја слика прикажува жена со една споена веѓа – ја гледате Фрида Кало

Ако контрастот е исклучително остар, некако синкаст и сите имаат слабо лице и брада – мора да е Ел Греко

Ако многу лесно може да се додаде некој дебел Купидон или овци (а можно е и да се веќе тука) – сигурно е Бушеј