Категории

Традицијата продолжува…„Осветли го Скопје“

Вечерна прошетка на полна месечина, рекреативен настан со добра цел кој ќе го разбуди вашиот адреналин. Авантура која ви нуди многу незаборавни моментии, забава и дружење. Настанатот Осветли го Скопје ќе се одржи денес, 9-ти јуни 19:45 часот , соопштуваат организаторите фитнес студио Мој тренер и Макфолк. Патеката по која ќе се пешачи е долга приближно 5 км и се пешачи околу 1:30 до 2:00 часа.

Скопје е еден од ретките градови во светот што може да се пофали дека се наоѓа веднаш до прекрасна планина. Секој наш сограѓанин барем еднаш го посетил Водно, а некои и по неколку пати во годината. Водно е нашто катче за рекреација вo зима, во лето, преку ден или дури и преку ноќ. Ние, Ве потикнуваме и каниме на несекојдневно ноќно искачување, искуство за кое ќе зборувате месеци и години потоа.

“Ние, ве потикнуваме и каниме на несекојдневно ноќно искачување, искуство за кое ќе зборувате месеци и години потоа, велат организаторите” – велат од Организацијата.


Оттаму додаваат „Секој учесник, се вклучува во кампањата за почисто Водно, акција со која докажуваме дека дури и додека се качуваме на планина и се рекреираме не забораваме дека НИЕ мрдаме со прст за почисто Водно а со тоа да испратиме порака до другите рекреативци да се грижат за Водно, и во своите активности да вклучат општествено и социјално одговорни акции“.

Иницијативата е дел од кампањата „Мрдни со прст“ која има за цел подигнување на јавната свест за различните можности за општествени промени кои се во доменот на секој поединец, како и да се понудат идеи и можности за придонес кон специфични активности во рамките на заедницата во кои граѓаните можат да се вклучат поединечно, но и колективно.

 

Организаторите потсетуваат и на задолжителна опрема: соодветни чевли за пешачење, фенерче, резервна маица, 0.5/1.5 литри вода, овошје, и храна по избор, ранец, фотоапарат.

Екипи на Црвен Крст и Прва помош ќе бидат присутни, но секој учесник  учествува на своја одговоост.

 

“Осветли го Скопје” е рекреативен настан од јавен карактер кој започна пред 5 години како граѓанска иницијатива. Настанот всушност е ноќно искачување до Милениумскиот крст на планината Водно кој овозможува на секому кој е дел од настанот да ужива во вечерната панорама на Скопје. Настанот се одржува неколку пати во годината каде бројот на учесници расте со секој нов настан се повеќе.

Прегледи:
579
Објавено на:
09.06.2017