Категории

Тренд: Гладијаторки

Овој пар сандали е во центарот на вниманието веќе неколку лета со ред и воошто не се прашуваме зошто е тоа така.. Гладијаторките кои датираат уште од античко време денес се обувки кои се фаворити на трендсетерките ширум светот, тие се удобни и летните лелеави фустани и сукни едноставно изгледаат божествено и авангардно покрај овој пар сандали но изборот на комбинации е доста голем. Ниски или високи, тие се дефинитивно задолжителни обувки кои секоја урбана девојка која е вљубена во безвременскиот стил мора да ги поседува.. Издвоивме неколку комбинации кои сигурно ќе ве инспирираат како да ги носите овие обувки.

Прегледи:
1366
Објавено на:
29.06.2016