Категории

Трендови поврзани со здравјето кои не се корисни колку што изгледаат

Тешко е да се биде во тек со актелните трендови на здрав начин на живот, ви се чини дека постојано излегуваат нови и нови начини како да живеете поздраво. Сигурно денес веќе сте откриле неколку нови совети за како вашата кожа да изгледа посјајно, или како да симнете неколку килограми само за неколку часа. Секако нема да дознаете дали се работи за трик или вистина доколку не ги испробате сите тие совети, но експертите откриваат кои актуелни трендови се всушност – лага.

Од комбинирање на разни видови храна, до кето диети и сокови за детоксикација, некои од денешните трендови едноставно изгледаат „премногу добро за да бидат вистина“, и во овој случај тие навистина се.
Еве што велат експертите за едни од најактуелните трендови за здрав живот денес.

Сокот од целер
Позната докторка од нутритивната медицина споделува дека конзумирањето на природни сокови на дневна база е всушност штетно. Соковите содржат висок степен на шеќер кои можат да им влијаат на хормоните. Некои овошја и зеленчуци се подобри да се конзумираат во целосна форма наместо да се претвораат во сокови. Што се однесува до сокот од целер таа вели дека не постојат прецизни истражувања околу неговта моќ, и дека со негово постојано конзумирање не се внесува потребниот степен на хидратација на организмот.

Смуди и Акаи каши
Нема ништо штетно во повремено конзумирање на смудија и овошни каши, но доколку размислувате да ја замените вашиот ручек со овие каши тогаш треба да знаете дека со нивно постојано конзумирање како сите видови на оброци , тоа повеќе ви штети отколку што ви помага. Нивотото на шеќер во смудијата и овошните каши може да доведе до покачување на иснулинот и да го спречи топењето на маснотиите, доколку се обидувате да ги конзумирате само нив како дел од вашата диета за симнување килограми.

Процесирана храна без глутен и маснотии
Иако тие звучат како вистински безбеден избор, морате да знаете дека во нивниот состав се кријат состојки кои и не се така „безбедни“. Процесираната храна содржи карбохидрати кои можат да влијаат врз покачувањето на инсулинот, и да влијаат инфламаторно врз организмот. Секогаш е подобро да се избираат овошја и зеленчуци наместо процесирани производи.

Прегледи:
467
Објавено на:
03.09.2019