Категории

Актуелни трендови во фотографирањето

Секоја година со себе носи неколку трендови во фотографирањето. Ова се дел од трендовите во 2020:

 

  • Автентични и искрени портрети

Ако до неодамна беа актуелни сликите со совршена поза, сериозен израз на лицето, оваа година нашето внимание го привлекуваат емоциите кои на автентичен и искрен начин се провлекува низ визуелните уметности. Случајните моменти на среќа како и не толку совршениот амбиент и позадина ни ги доловуваат малите но, значајни моменти на кои се почесто се навикнуваме да се радуваме.

  • Живописни бои

Боите кои и даваат сосема поразлична дименција на нашата околина уште на почетокот на оваа година беа предвидени како дел од трендовите што ќе бидат актуелни во 2020. Тука  исто спаѓаат графитите и сиките со живописни дизајни.

  • Природни елементи

Со се поголемиот замав на еколошкиот активизам како и условите за патување оваа година, фотографиите во природа како и фотографиите со природни елементи се едни од омилените на социјалните мрежи. Овој тренд внесува хармонија и спокојство во сцените додавајќи меки елементи во позадина.

  • Диверзитет/ разноликост 

2020 година е година на побивање на стереотипите во фотографијата. Создавањето на се подобри колажи на човечки портрети, со разновидна претстава и инклузивност исто така уживаше голема популарност. Од билборд фотографии и каталози до социјални медиуми, приказот на уникатноста блескаше во знак на љубов кон диверзитетот и прифаќањето меѓу луѓето.

Прегледи:
683
Објавено на:
23.09.2020