Категории

Тргнете се од луѓето што ве празнат и приближете се до оние кои ве исполнуваат и ви даваат сила

Вие сте испразнети од луѓе, настани, работи и тогаш понекогаш кога ќе останете сами се чувствувате истоштено, уморно, како да немате повеќе сила за ништо. 

Луѓето ве празнат со својата баналност, разговори во кои нема длабочина, озборувања што не значат ништо и се прашувате како би можеле да си го дозволите сето тоа, каква утеха би можеле да најдете во тоа кога по секоја средба изгледавте по загубени, уморни и оптеретени од претходно. Луѓето ве празнат со нивните двосмислени изјави, двојни игри, криејќи се зад нешто што не се, па на крајот се прашувате каде помина вашето време и со што го исполнивте умот. Сметате дека ништо лошо не може да ви се случи од слушање, гледање и доживување на сè, но на крајот сфаќате дека сте останале контаминирани со тони негатива што поминале од другите кон вас и се прошириле на вашите модели на размислување и чувство.

Луѓето ве празнат и вие сакате да се затворите некаде во самотија, некаде каде што никој нема да ви кажува како треба да живеете, каде никој нема да ви го анализира животот како психолог, да ги прави вашите правила, да го заглави носот во вашата интимност. Сакате да се оддалечите од сè и од секого и да уживате во светот на вашата осаменост, непосредност, искреност, едноставност, топлина, без никаква потреба да глумите, постапувате, понижувате и омаловажувате пред некого. Не попуштајте на чувството на бесмисленост, бесцелност само затоа што другите живеат така, затоа мислите дека и вие треба да живеете така. Изберете ја својата патека и следете ја. Не дозволувајте некој да ве фати со своите бесмислени приказни кои се вртат во круг и на крајот се само ваши негативни чувства. Тргнете се од луѓето што ве празнат и приближете се до оние кои ви ја исполнуваат душата, ви даваат сила за нов ден. Ќе видите колку тоа ќе го промени вашиот живот.

Прегледи:
591
Објавено на:
11.01.2021