Категории

Три дена по неговиот роденден, големата љубов на Тоше роди ќерка

Вчера, три дена по одбележувањето на триесет и седмиот роденден на легендарниот Тоше Проески, поранешниот модел Благица Мицова, денес Ристовска, која целиот Балкан ја знае како девојката со која музичката ѕвезда беше во долгогодишна љубовна врска, роди девојче.

Малата Софија се родила во клиничката болница Аџибадем Сиситина, и двете со мајката се чувствувале добро.

Покрај Софија, таа го има и синот Александар, кој се роди во 2014 година. Во брак е со бизнисменот Виктор, роден брат на поранешниот министер за образование и наука, Спиро Ристовски и живеат во Скопје.

Врската со Тоше ја започнале во своите тинејџерски години, во далечната 1998 година, и со мали прекини биле заедно се до 2006 година. Неготинчанката, која е позната како голем хуманитарец, никогаш јавно не изнесе детали од нивната љубов, и покрај големиот интерес на медиумите од регионот за нејзиниот живот.

По неговата смрт во 2007 година, изјави дека никогаш нема да зборува за него и како спомените се нешто интимно кое ќе го чува за себе. Достоинствено се повлече од јавноста и ги остави нераскажаните приказни, и покрај сите понуди за интервјуа од страна на познати медиуми од поранешните Југословенски републики.

Сепак, и по сите изминати години, таа останува кај народот запаметена како девојката која беше голема љубов на најпопуларниот пејач во земјава и интересот за неа не стивнува.

Од фондацијата ,,Тоше Проески” пред неколку дена најавија промоција на неговиот четвртти по ред, постхумен албум, која ќе се случи на пролет, на голем концерт планиран во соработка со Министерството за култура. Албумот содржел десет песни на англиски јазик и е насловен ,,Secret place” (Тајно место). Бил изработен во студиото на англискиот продуцент Енди Рајт во Лондон, а се подготвувале и три спота за три песни од новиот албум.

Прегледи:
461
Објавено на:
29.01.2018