Категории

Три хороскопски знаци за кои Мај ќе им биде незаборавен месец

Мај ќе биде еден од најзабавните месеци во оваа година за овие 3 хороскопски знаци. Нив ги очекува многу забава, дружење, излегување и ваквото темпо ќе им помогне да се чувствуваат како нови.

Девица

Меркур, водачот на девица, овој месец ќе биде лоциран во куќата на кариерата. Тоа ќе ви донесе дополнителна амбиција и желба за истакнување. Тоа во секој случај е добро за вашата финансиска состојба. Избегнувајте го кревањето на тешки предмети и работите кои ве изложуваат на стрес. Внимавајте на сезонските настинки. На полето на љубовта, планетата Јупитер ќе се погрижи за вашите романтични моменти, а и во дадени ситуации ќе ви даде храброст да го направите првиот чекор. Не двоумете се многу, прифаќајте ги понудите за состанок од личностите кои ви се допааѓаат.

Стрелец

Планетата Венера ќе премине во куќата на љубовта и еротиката, што значи дека мај ќе биде многу сензуален месец и полн со атрактивни понуди. Венера е водач на љубовта, задоволствата и среќата. Исто така, ќе ви помогне да ја подобрите комникацијата со партнерот. За оние кои не се во врска, овој месец ќе им донесе многу сплет на околности и пресврти. Очекувајте го неочекуваното. Обновете ги пријателствата со старите пријатели.

Риби

Ова ќе биде еден посебно стабилен месец за Рибити кога станува збор за љубовта. Доколку сте во ситуација да бирате партнер, овој месец ќе имате можност да го направите вистинскиот избор. Доколку сте во врска, добро би ви дошло едно патување со партнерот, кое ќе ве одалечи од секојдневните проблеми. Првата недела од мај ќе биде поволна за пишување, калкулирање, преговарање и држење говори. Ова е исто така добар месец за инвестирање во недвижнини.

Извор : brkajrabota.mk

Прегледи:
281
Ознаки:
Објавено на:
07.05.2017