Категории

Три научно докажани стратегии со кои сигурно ќе го преболите партнерот

Најновите истражувања нудат ефективни техники за преболување на поранешниот партнер. Научниците откриле дека постојат три стратегии и дека тие се доволни за да ја преболите поранешната љубов. Доколку ги примените, раскинувањето ќе го поднесете многу полесно.

Без разлика како завршила вашата врска, раскинувањето никогаш не е едноставно. Не може да си наредите себеси да ја елиминирате болката која ја чувствувате. Сепак, науката вели дека постојат три стратегии кои водат до состојбата кога може да си кажете „го/ја преболив“. Неодамна е спроведено истражување над 24 личности на возраст од 20 до 37 години. Врските им траеле просечно по 2 и пол години, а не било важно дали тие ја прекинале врската или партнерот.

Првата стратегија која научниците ја тестирале го вклучува размислувањето за негативните карактеристики на поранешниот партнер.

Лошите и иритантни навики ќе ве натераат помалку да жалите за изгубеното.

Втората стратегија е љубов без партнерот.

Во ред е да сакате некого иако веќе не сте заедно. Иако оваа стратегија директно не ги менува емоциите кон поранешниот партнер, полека ви го оттргнува вниманието од него.

Третата стратегија е да бидете зафатени

Најдете нешто што ќе ви ги оттргне мислите од неа/него. Храна, патувања, пријатели, хоби, нешто што ве прави среќни и поради што ќе се чувствувате поубаво.

Од овие три стратегии, размислувањето за негативните страни на поранеешниот партнер е најефикасно. На тој начин постепено ги заборавате сите добри страни и сѐ помалку патите за изгубената личност.

Прегледи:
585
Објавено на:
07.06.2019