Категории

Трик како јагодите да останат свежи подолго време

Јагоди, малини и други бобинки не можат да стојат долго време, па ако не ги јадете за неколку дена, тие ќе почнат да се расипуваат. Но, постои трик како да се зголеми нивната свежина, на здрав и безбеден начин.

Потребна ви е само една состојка, која сите сигурно ја имате во кујната – оцет!

Ги уништува сите бактерии, па затоа е препорачливо да ставите половина чаша оцет и две чаши вода во сад со бобинки, и оставете го овошјето да стои неколку минути.

По неколку минути, повторно измијте го овошјето во вода и избришете го со хартија. Колку подобро ги исушите, толку подолго ќе траат.

Прегледи:
563
Објавено на:
03.05.2021