Нешто сосема поразлично, симбиоза од талент, убавина и квалитетна музика, светскиот призвук кој доаѓа од Македонија – „Trinity Strings“.
„Trinity Strings“ е женски бенд составен од три девојки кои совршено владеат со своите инструменти – две вилиони, едно виолончело, создавајќи уметност. Тие ги поместуваат границите на вообичаеното, веќе видено и слушнато. „Trinity Strings“ – нешто ново на естрадава, нешто повеќе од добро…
Во соработка со Роберт Билбилов и Зоран Зонде Стојановски направија одлична преработка на „Луд сум по тебе„ на Александар Тарабунов.
Како звучи и изгледа видео записот погледнете во продолжение. Не само што е мелем за уши туку и за очи!