Категории

Триумф на македонската убавина на Кипар: Четири титули за нашите претставнички

Викендов во Кирења, Кипар се одржа изборот за Мис на Медитеранот 2017. Победничка е нашата претставничка, 16 годишната Евгенија Ризова од Скопје.

Титулата Прва придружничка ја освои претставничката на Италија Раљел Домингос, а Втора придружничка е исто така од Македонија, Ивана Ѓеорѓиевска, (18г од Скопје).

И преостанатите две наши претставнички успеаја да освојат титули. Кумановчанката Ангела Спасовска(18г) ја освои титулата Мис Елеганс, а Катерина Бошковска(19г) од Скопје ја освои титулата Мис Персоналити.

Извор : Вистина.мк

Прегледи:
348
Објавено на:
15.05.2017