Категории

Убавините на кањонот Матка

Кањонот Матка е еден од најживописните кањони во светот, богат со ендемски видови на флора и фауна, а има голем број на пеперутки кои живеат само во  овој предел.

Матка е најстарото вештачко езеро во Македонија, кое било создадено со преградување на реката Треска со брана и создавање на вештачка акумулација, која била изградена во 1938 година. Водата од езерото се користи за добивање на електрична енергија, но и за наводнување на селата во околината.

Покрај големото богатство од богати дабови и букови шуми и ретки животински видови, овој кањон изобилува и со голем број културно-историски споменици, главно манастири, поради што со право ја нарекуваат и мала Света Гора. Матка со својата убавина стана едно од најпознатите места во Скопје, кое случајните минувачи и намерните туристи едноставно не пропуштаат да го посетат и фотографираат.

Погледнете го видеото за Матка, кое ќе ве остави без здив.

Прегледи:
2317
Објавено на:
02.11.2017