Да, добро прочитавте – уметност преку сечење на лисја од дрва. И тоа го има!
Канат Нуртазин е самоук уметник од Казахстан без академска позадина во уметност. Почнал да црта како хоби во 2013 и од тогаш се’ научил сам. Бил заинтересиран во уметност преку мешани медиуми, и еден од неговите омилени методи на креирање уметност е преку сечење на лисја од вистински дрвја.
Обично, потребни му се околу 6 часа за да направи уметност на еден лист. Тој посветил многу време учејќи ја оваа вештина. Имало периоди каде што спиел по само 3, 4 саати дневно, и само учел да работи. Од тогаш, бил препознат на социјалните медиуми, а имал и прилика да работи со Nickelodeon и Disney. Сече популарни ликови за Nickelodeon и Nick Jr. и тие му ги ставиле сликите на своите социјални медиуми. Дизни му побарале да направи исечоци за Maleficent 2 и Frozen 2 за нивната маркетинг кампања.
\